КАКО РАБОТИ ОВАА АЛАТКА?
Оваа алатка ќе ви овозможи да добиете селосна слика кога се работи за потрошувачката на енергија во вашиот дом. Нашата Алатка за оценка на енергетските перформанси ќе ви ги илустрира сите фактори кои придонесуваат кон сметката за енергија (електрична и топлинска).
Оваа алатка ќе ви помогне да добиете слика каде одат вашите пари во сметките за енергија и ќе ви даде начини како да ги намалите. Кога ќе ја имате информација заради што вашите сметки се високи, тогаш полесно ќе можете да ги донесете решенијата кои ќе ви ги намалат трошоците за енергија.
Кои се продобивките од оваа алатка?
- Алатката е целосно БЕСПЛАТНА и многу лесна за користење
- Добивате информации врз база на податоците внесени за вашиот дом
- Предлог решенија со детални објаснувања кои ќе ви помогнат да ги намалите сметките
- Предлог решенија за помали сметки без да вложувате пари или со многу мала инвестиција да постигнете многу
- Реновирате? Сакате професионално мислење за да можете да го направите вашиот дом максимално ергетски ефикасен? Ви нудиме листа со компании кои се лиценцирани за таа работа.
- Кој може да има корист од оваа алатка? – Сите. Самите вие за вашиот дом, фирмите кои градат за да направат проверки, енегетските контролори, здруженијата на станари, агенциите за недвижности
*Оваа проценка ви дава генерална слика за потрошувачката на енергија во вашиот дом и начини како да заштедите. Мерките кои се предложени се дадени врз база на прашањата кои ги одговоривте и не мора секогаш да резултираат со точните заштеди кои се дадени заради други влијанија кои можеби се случуваат во вашиот дом.
За прецизна анализа на потрошувачката на енергија, како и за препораки за заштеди ви препорачуваме да користите лиценцирани фирми за вршење на енергетска контрола.