Основни информации за проектот

  • Програма HORIZON 2020
  • Повик: Energy Efficiency Call 2016-2017
  • Број на договор: 785005 – TRAINEE
  • Времетраење: 30 months
  • Дата на започнување/завршување: 01.05.2018 / 31.10.2020

 

Теми на кои проектот ТРАИНЕЕ ќе биде фокусиран:

(а) Надградба на веќе постоечките утврдени 5 шеми за квалификација и обука за 5 занимања на работници на терен со градежни техничари / инженери и воспоставување на големи шеми за квалификација и обука за дополнителни две занимања поврзани со обновливи извори на енергија. Предлогот е особено насочен кон координација и придружни мерки со цел да се обезбеди одржливост по завршувањето на проектот, преку воспоставување на Центар за знаење чии главни активности ќе вклучуваат развој на доброволни шеми за сертифицирање, акредитација, меѓусебно признавање и стимулации на професионалните работници .

(б) Подобрување на мултидисциплинарниот пристап кон одржливата градба преку иницирање на прашањето БИМ на национално ниво како алатка за демонстрација на намалување на јазот во енергетските перформанси и за мерење на заштедите на енергија како резултат на подобрените вештини. Оваа активност ќе има за цел идентификување на предизвиците и бариерите. како предуслов за промената на процесот на традиционална градба. Активноста ќе внесе активности кои (промо настани и тренинг) за развивање на јасно разбирање за процесот на дигитализацијата на градежништвото, како и стратегија за усвојување на БИМ со цел да се консолидираат колективните движења на националните засегнати страни и носителите на одлуки кон поширока имплементација на БИМ; и

(в) Прифаќање на развиените вештини во градежништвото од страна на градежните компании и професионалните здруженија преку фокусирање на поголема вредност на зградите,  зголеменето ценење на задоволството и квалитетот на живеење на крајниот корисник, како и зголемената пазарна вредност на компаниите што вработуваат квалификувани професионалци. Дополнителната пазарна вредност на развиените квалификации ќе се постигне со спроведување на постапката за дизајнирање нови квалификации според препораките на националната рамка за квалификации (NQF) што е поврзана и е во согласност со Европската рамка за квалификации (EQF). Покрај тоа, ќе се подготви методологија за заемно признавање на вештините за ЕЕ и ќе се спроведе методологија со три земји, Грција, Хрватска и Словенија.

Предлогот придонесува за спроведување на национален патоказ за квалификации за обезбедување капацитет за обука на 1.500 работници годишно за мерките за ЕЕ и зацрвстувањето на врските со националната платформа за квалификации со вклучување на 60 нејзини членови во предлог-активности за признавање и прифаќање на пазарот на обучени и овластени работници.

Специфичните цели на проектот ТРАИНЕЕ се:

  1. Надградба на две шеми за квалификации за техничари, управители/менаџери на згради и инженери. Развој на шеми за обука на 5 квалификации за градежни работници и две занимања за обновливи извори на енергија (проектанти и инсталатери) преку воспоставување поддршка на Центарот за знаење за развој на одржливи градежни вештини засновани на пазарот на ЕЕ со годишен капацитет да се реплицира на 10 даватели на обука и 600 квалификувани градежни работници (200 преку обука и 400 преку признавање на претходното учење):
  2. Зголемување на свеста на градежните професионалци за употреба на дигитални алатки за проектирање/изведба на објекти преку Дигитално моделирање на градби (БИМ), со цел да се постигне посакуваниот мултидисциплинарен пристап во градежништвото што треба да резултира со намалување на јазот помеѓу проектираната потрошувачка на енергија и реалната.
  3. Подобрено препознавање на вештини на пазарот на труд градежниот сектор и зајакнување на соработката помеѓу различни професионални групи и воведување методологија за заемно признавање на вештините со три земји на ЕУ (Грција, Словенија и Хрватска)

Партнери на проектот

Disclaimer

The information, documentation and figures in this deliverable are written by the SEEtheSkills project consortium under EC grant agreement 101033743 and do not necessarily reflect the views of the European Commission. The European Commission is not liable for any use that may be made of the information contained herein.

All intellectual property rights are owned by SEEtheSkills consortium members and are protected by the applicable laws. Reproduction is not authorized without prior written agreement. The commercial use of any information contained in this document may require a license from the owner of that information.

This project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No. 101033743