Високите сметки за време на зимскиот период се најчесто поврзани со начинот на кој го загревате вашиот дом.
Постојат многу различни типови на загревни системи, со различни извори на енергија и ниво на енергетска ефикасност. Централниот систем за загревање ја затоплува целата куќа или стан, додека греалките затоплуваат една до две простории кои најмногу се користат. Постојат многу можности во рамките на овие два типа на затоплување. Најдобриот начин за затоплување во конкретен случај зависи од специфичните околности и од вашите потреби.
Предности и недостатоци на топлинските пумпи!
Предности: Пониски трошоци споредбено со стандардните електрични системи за греење. Произведуваат 65% помалку емисии на стакленички гасови.
Недостатоци: Треба да се внимава со гасните загревачи без дотур на воздух бидејќи постои опасност да го загадат внатрешниот воздух во домот и предизвикаат негативни здравствени последици.
Предности и недостатоци на греење на дрва!
Предности: Огревното дрво е обновлив енергетски извор доколку одржливо се сече. Треба да се користи грејно тело со ниска емисивност/
Недостатоци: При согорувањето на дрвата, се ослободува токсичен чад.
Предности и недостатоци на електрично подно греење!
Предности: Вашите стапала секогаш ќе бидат загреани.
Недостатоци: Највисока стапка на емисија на стаклени гасови, кои се штетни за целата околина, споредено со останатите системи за греење. Инсталацијата на овој вид на греење, во зависност од материјалите кои се вградуваат може да бидат големи.
Совет + Подно греење се вградува во фазата пред ставање на кошулица.
Предности и недостатоци на преносни електрични греалки!
Предности: Евтини за набавка. Наменети за загревање на една просторија. Лесно преносливо, флексибилно.
Недостатоци: Работат на струја, трошат прилично многу, споредбено со топлината што ја оддаваат.
Секогаш пред и после грејната сезона потребно е да се исчистат филтрите на грејниот систем, за да се обезбеди постојана функционалност. Препорачливо е да се користат дигитални тајмери за да се обезбеди загревање на просторот кога тоа е потребно.
Совет+ За добро проектирана и изведена куќа или зграда, потребно е многу малку енергија за да се постигне постигне посакуваната топлина. Таа енергија може да биде обновлива или необновлива. Дури и кај постоечките домови постојат многу начини за намалување на сметките за енергија, да се зголеми комфорот и позитивно да се влијае на животната средина. Подобро е да се инвестира повеќе во енергетски ефикасна градба отколку да се троши енергија за загревање и разладување.