Високите сметки за вода можат да се појават од следните причини
- Дефект во водоводната мрежа. Овој проблем можете да го детектирате доколку ги затворите сите потрошувачи на вода, и го мониторирате водомерот дали сеуште врти. Доколку водомерот сеуште работи, тогаш треба да се обратите до професионалец да и го детектира дефектот.
- Често користење на тоалетот. Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е “виновник” за 30% од потрошената вода во вашиот дом.
- Исправност на казанчињата. Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме.
- Не оставајте да тече. Повеќето од нас имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги миеме забите, или ја истекуваме водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно.
- Поправете ги славините кои капат. Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.
За илустрација доколку чешмата не ви е во исправна состојба или не ви е добро затворена, на водомерите во вашите домови ќе биде регистрирана одредена дополнителна количина на потрошена вода и тоа:
- Една капка во секунда, за еден ден ќе значат дополнителни 5,1 литри потрошена вода, неделно 36 литри а годишно 1880 литрипотрошена вода.
- Две капки во секунда, за еден ден ќе значат дополнителни 17 литри, неделно 117,5 литри а годишно 6115 литри потрошена вода.
- Континуирано капење, за еден ден ќе значат дополнителни 108,5 литри, неделно 2000 литри а годишно 39 500 литри потрошена вода.
- Млаз со дебелина од 1,5 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 380 литри, неделно 2660 литри, а годишно 138 200 литрипотрошена вода.
- Млаз со дебелина од 3 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 1180 литри, неделно 8230 литри, а годишно 427 500 литрипотрошена вода.
- Млаз со дебелина од 5 мм, за еден ден ќе значат дополнителни 1955 литри, неделно 13 700 литри, а годишно 711 500 литрипотрошена вода.
Бидете рационални
- Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите 20 до 40 литри вода.
- Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите. Ќе заштедите 20 литри.
- Едно перење на машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.