Нееднакви температури во домот

Температурата помеѓу (20-23)°C е оптимална за во зима. Законската регулатива инсистира на 20°C во станбените објекти и енергетската класа се определува за оваа температура. Со зголемување на температурата се зголемува потрошувачката и трошоците за топлинска енергија. Зголемувањето на температирата за 1°C, при стандардизирано регулирана вентилација од 0,5 измени на воздух на час, ја зголемува потрошувачката на енергија за околу 6%.

Различните температури (поголеми од 2-3 степени) на различни локации во домот, можат да бидат резултат на неколку причини:

  1. Изолацијата на одреден дел од фасадата да е оштетени и да го има загубено својството на изолација. При овој проблем треба да се направи визуелна проверка од наворешната страна за евентуални физички оштетување или доколку постои можност да се изврши снимање со термовизиска камера.
  2. Да постои инфилтрација на воздух од надвор заради стари прозори или нивно несоодветно вградување. При овој проблем, треба да изврши заптивање на сите места од каде влегува воздух од надворешната страна. Детекцијата на местата може да ја направите со свеќа или со дим, кој веднаш ќе реагира на местата каде има инфилтрација. Во краен случај може да биде потребно реинсталација на прозорите или замена со нови.
  3. Доколку имате централно греење, тогаш можно е запушување на цевките или грејните тела, со што истите не го грејат просторот. Во овој случај, треба да се направи чистење на топловодните системи и грејни тела. Треба да се проверат и вентилите кои исто така можат да бидат оштетени или запушени од нечистотија.

Партнери на проектот

Disclaimer

The information, documentation and figures in this deliverable are written by the SEEtheSkills project consortium under EC grant agreement 101033743 and do not necessarily reflect the views of the European Commission. The European Commission is not liable for any use that may be made of the information contained herein.

All intellectual property rights are owned by SEEtheSkills consortium members and are protected by the applicable laws. Reproduction is not authorized without prior written agreement. The commercial use of any information contained in this document may require a license from the owner of that information.

This project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No. 101033743