Ниските температури и не можаноста да го загреете вашиот дом, најчество е поврзано со топлинската изолација на објектот.
Недостатокот на изолација доведува до губитоци на топлината во зима и топлински добивки во лето кои треба да се надминат. Се препорачува примена на некоја од мерките за енергетска ефикасност на обвивката како изолирање на ѕидови, на плафон или под и замена на прозорци, која ќе се исплати од заштедата на енергија. Заштедата на енергија може да се оствари и со однесувањето на станарите (енергетскиот менаџмент) кое подразбира контрола на внатрешната температура и времетраењето на греењето (кога е тоа можно), на сончевите добивки низ прозорците и на вентилацијата во станот.